Манчестер јунајтед ја осигура првата продажба, зделка од 44 милиони евра за „позитивна нула“

by bojan
1 минути читање

Наполи денеска обезбеди настап во Лигата на шампиони со што ќе мора во целост да го купи Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед во зделка вредна околу 44 милиони евра (38 милиони фунти).

Манчестер јунајтед ја осигура првата продажба, клубот од Олд Трафорд ќе инкасира околу 44 милиони евра (38 милиони фунти) од преселбата на Расмус Хојлунд во Наполи.

Данецот минатото лето се пресели на „Диего Мрадона“ на позајмица вредна 6 милиони евра (5 милиони фунти), со опција во целост да биде купен за додатни 44 милиони евра (38 милиони фунти).

Опцијата се претвора во обврска доколку Наполи обезбеди пласман во Лигата на шампионите, и тимот на нашиот Елиф Елмас денеска го завери билетот за најелитното европско натпреварување.

Манчестер јунајтед за Расмус Хојлунд плати околу 80 милиони евра, што значи дека „ѓаволите“ се во минус од 30 милиони.

Сепак, вредноста на Данецот во сметководствените книги е околу 44 милиони, па Манчестер јунајтед ќе биде на „позитивна нула“ кога се во прашања правилата за профитабилност и одржливост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×