Енрике не е само генијалец на клупата: На сопругата ѝ препуштил бизнис вреден 27 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Стратегот на ПСЖ, Луис Енрике одлучи да направи голема промена во својот деловен живот. Имено според информациите, Шпанецот поднел оставка од функцијата извршен директор во својата агенција за недвижности, а раководната позиција официјално ѝ ја препуштил на сопругата.

Неговата компанија која е со седиште во Барселона важи за сериозен играч на шпанскиот пазар на недвижности, со имот чија вредност достигнува импресивни 27 милиони евра.

Според информациите, поранешниот селектор на Шпанија и актуелен стратег на ПСЖ се повлекол од челната позиција поради лични причини. Сепак, пред и официјално да ја напушти функцијата, решил дополнително да ја зајакне компанијата инвестирајќи 1,4 милиони евра капитал.

Иако прославениот тренер се повлекува од секојдневното управување со бизнисот, јасно е дека семејната компанија останува во сигурни раце.

Неговата сопруга, која е новоименувана директорка, е високо квалификувана за оваа улога. Таа дипломирала економијаи поседува големо познавање од секторот за недвижности, поради што се очекува компанијата и под нејзино водство да продолжи со стабилно и успешно работење.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×