Екипата на Арсенал официјално го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2026/2027, предизвикувајќи воодушевување кај навивачите ширум светот.
Во соработка со долгогодишниот партнер „Аадидас“, „Топчиите“ и следната сезона ќе истрчаат на терен во опрема што ѝ оддава почит на богатата историја на клубот, но со модерен и препознатлив печат.
Новиот дрес ја задржува култната темноцрвена основа со традиционалните бели ракави што е заштитен знак на тимот од Северен Лондон. Сепак, годинава дизајнот носи и неколку впечатливи новитети.
Инспириран од славните денови на легендарниот „Хајбери“, дресот е збогатен со суптилни златни детали на јаката и рабовите на ракавите, симболизирајќи ја постојаната амбиција на клубот за освојување трофеи.
Со овој дрес Арсенал ќе игра и в понеделник во дуелот против Барнли кој е закажан за во терминот од 21:00 часот.


A different kind of connection ❤️
— Arsenal (@Arsenal) May 15, 2026
The 26/27 @adidasfootball Home Kit comes with a limited-edition NFC collectible card, only available via Arsenal Direct and in-store.
Shop now 👇