Мурињо: Добив понуда од Бенфика да продолжам, не сакав да ја видам!

by bojan
1 минути читање
Мурињо доби отказ од Фенербахче

Жозе Мурињо вели дека Бенфика во средата му испратила понуда за продолжување на соработката, но тој не сакал да ја види, целиот фокус му е на последниот натпревар од сезоната.

Жозе Мурињо се најавува како новиот тренер на Реал Мадрид, одредени извори дури велат дека работата е завршена и само прашање на време е кога ќе пристигне официјалната потврда.

На денешната средба со новинарите, „специјалниот“ откри дека во средата добил понуда од Бенфика за продолжување на соработката, но тој не сакал да ја види, целиот фокус му е на последниот натпревар од сезоната, а после тоа ќе му ја мисли за иднината.

„Добив понуда за продолжување на соработката со Бенфика, предлогот стигна во средата, беше доставен до мојот агент, но јас не сакав да го видам, ниту да се информирам, ниту да го анализирам. Ќе го направам тоа дури од недела“ – вели Жозе Мурињо.

„Што се однесува до Реал Мадрид, никој не ми кажал дека имаат понуда што треба да ми ја презентираат. Ни претседателот, ниту некој важен човек во клубот. Но дури и доколку доставеа предлог, ќе одговорев исто како и сега“.

Жозе Мурињо има клаузула според која може да ја напушти Бенфика за околу 3 милиони евра, но оваа клаузула е активна само десетина дена по последниот натпревар во сезоната.

„Следната недела ќе биде важна за мене, за мојата иднина, но и за Бенфика. Кога ќе заврши сезоната, Бенфика мора да почне да размислува за следната. Но според договорот и спогодбата што ја потпишав кога дојдов, имаме неколку дена за да видиме што ќе се случи и да донесеме одлука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×