Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери му се извини на Харви Елиот за малата минутажа оваа сезона, вели дека ситуацијата е срамна, но тој мора да ги брани интересите на клубот.
Во последниот ден од летниот преоден рок, Харви Елиот пристигна на позајмица од Ливерпул во Астон Вила со цел да добие поголема минутажа и да продолжи со прогресот.
Но зделката се покажа како целосно промашување, Харви Елиот одигра само 109 минути за Астон Вила во Премиерлигата.
А главна причина за ова е откупната клаузула од 35 милиони фунти, која станува обврска доколку Харви Елиот одигра 10 натпревари во Премиерлигата.
Астон Вила не сака да плати ваква сума, Ливерпул одби да ги промени условите во зимскиот преоден рок, па Харви Елиот практично изгуби една година од својот развој во клучна фаза од кариерата.
Па во пресрет на натпреварот помеѓу Астон Вила и Ливерпул, Унаи Емери му се извини на фудбалерот.
„Ова е непријатна и срамна ситуација за сите инволвирана. Секој ден мислам на Харви Елиот и жал ми е за тоа што му се случува“ – вели тренерот на Астон Вила.
„Но, постои одговорност од двете страни. Ние ја имаме нашата, а Ливерпул нивната“.
„Сепак, како човек, навистина ми е тешко е да гледам низ што минува оваа сезона“.
ФОТО: X/Aston Villa