28
Мануел Ноер би можел да се врати во репрезентацијата на Германија за Светското првенство, иако се повлече по Европското првенство пред две години.
Голманот на Баерн Минхен наводно се најде на проширениот список од 55 играчи кој селекторот Јулијан Нагелсман, а „Скај Спорт“ пренесува дека Нагелсман лично разговарал со чуварот на мрежата на Баерн.
Конечниот список на патници за Светското првенство ќе биде објавен следниот четврток. Ноер зад себе има 124 настапи за Германија и е светски шампион од 2014 година, а денес и покрај тоа што има 40 години брани во одлична форма.
Исто така причина за најавите за негово враќање се и честите повреди на Тер Штеген.