Хаос на „Бернабеу“: Перез се расправаше со навивач, обезбедувањето отстрануваше банери против него (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид завршува една од најлошите сезони во последните години, а тоа донесе и големо незадоволство кај навивачите кои тоа го покажаа во вечерашниот дуел против Овиедо.

Навивачите прво свирежи ги „поздравија“ фудбалерите уште за време на загревањето, а особено на удар беа Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Гласни свирежи се слушаа и при читањето на стартните состави и имињата на фудбалерите од клупата, што дополнително ја вжешти атмосферата на стадионот.

Набрзо беше истакнат и транспарент со порака против претседателот на клубот, Флорентино Перез, на кој пишуваше „Флорентино, оди си“. Транспарентот беше отстранет од редарите, што предизвика дополнителни тензии и турканици на трибините.

Исто така на социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се види како Перез се расправа со еден навивач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×