Стадинот уште не е готов, но Србите ќе добијат организација на европско финале?

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа во 2028 година.

Иако УЕФА сè уште официјално не го потврдила домаќинот, Вучиќ изрази уверување дека новиот национален стадион во Белград ќе ја добие организацијата на големото финале по неговото отворање.

УЕФА уште во октомври потврди дека Белград официјално се кандидирал за организација на натпреварот, а конкуренција му се стадионите на Пари Сен Жермен, Олимпик Лион, Јувентус, како и Националната арена во Букурешт.

Новиот стадион во Белград ќе има капацитет од 52.000 гледачи, околу 5.000 квадратни метри зелени површини и 3.700 паркинг места.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×