Номинирани фудбалерите и тренерите во трката за личните признанија во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Премиер лигата ги објави номинациите за најдобрите поединци во сезоната 2025/26, во пресрет на последните две кола од шампионатот.

За тренер на сезоната конкурираат Микел Артета, Пеп Гвардиола, Мајкл Керик, Андони Ираола, Реџис Ле Брис и Кит Ендрус.

Во изборот за МВП има осум кандидати, а најмногу претставници има Арсенал со Давид Раја, Деклан Рајс и Габриел. Номинирани се уште Ерлинг Халанд, Антоан Семењо, Бруно Фернандеш, Морган Гибс Вајт и Игор Тиаго.

Објавени се и кандидатите за најдобар млад играч, меѓу кои се Рајан Черки, Нико О Рајли, Коби Мејно, Луис Хол и Матеуш Фернандеш.

Гласањето е отворено до 18 мај во 13:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×