Бизнисменот Енрике Рикелме се посочува како можен противкандидат на Флорентино Перез во битката за претседателската фотеља на Реал Мадрид, тој почнал да ја опипува можноста за ангажман на Јирген Клоп
Реал Мадрид до крајот на овој месец ќе одбере нов претседател, и се говори дека Флорентино Перез оваа година ќе има ривал во трката.
Бизнисменот Енрике Рикелме се посочува како човекот кој ќе го предизвика за претседателската фотеља на „Бернабеу“.
Како што пренесува Ел Конфиденсиал, тој веќе го контактирал Јирген Клоп и опипал терен за ангажман на Германецот за нов тренер.
Името на Јирген Клоп кружеше доста изминативе недели, беше и во бележникот на Флорентино Перез, но неговиот обид беше неуспешен.
Но и покрај тоа што Германецот веќе кажал на Реал, Енрике Рикелме сакал лично да разговара со Јирген Клоп и да му ги објасни своите идеи доколку победи на изборите.