Динамо Загреб со 2-0 ја победи Ријека во финалето од Купот на Хрватска и ја освои двојната круна, на овој успех се израдува и нивниот најголем ривал, Хајдук од Сплит.
Херој на Динамо беше Стојковиќ кој беше стрелец на двата гола, првиот го даде во 50. минута, а вториот седум минути подоцна.
Победата на Динамо Загреб во денешниот дуел му одговараше и на Хајдук, па така сплитскиот клуб денеска навиваше за својот најголем ривал.
Бидејќи Динамо го освои купот, тоа значи дека второпласираниот од првенството ќе оди во квалификациите за Лига Европа, а тоа е Хајдук.
Доколку Ријека го освоеше купот, тие ќе одеа во квалификациите за Лига Европа, а во таков случај Хајдук ќе одеше во квалификациите за Конференциска лига.
Со овој триумф на Динамо, Хајдук си обезбеди подолг престој во Европа бидејќи ако биде елиминиран во квалификациите од Лига Европа, ќе продолжи во квалификациите од Конференциската лига.