Фудбалерите на Реал Мадрид добиле ветување за огромен бонус како мотивација пред реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен, открива „АС“.
Според шпанскиот медиум, претседателот Флорентино Перез ветил по 500.000 евра бруто на секој фудбалер во случај на пласман во полуфиналето, што би бил значаен финансиски стимул за тимот. За споредба, играчите на Реал за освојување на Лигата на шампиони пред две сезони добија по 900.000 евра бруто.
Во текстот се наведува дека управата се одлучила на ваков чекор затоа што Лигата на шампиони била последната шанса за трофеј во сезоната, па дополнителната мотивација била сметана како клучна по поразот од 1-2 во првиот натпревар во Мадрид.
Се додава дека во клубот верувале дека реваншот во Минхен ќе биде „се или ништо“, па затоа бил воведен бонус систем каков што во последните години ретко се користи, бидејќи Реал обичнодава премии на своите фудбалери само за освоени трофеи.
Пласманот во полуфинале би донел и околу 15 милиони евра од наградниот фонд на Лига на шампиони, плус дополнителни приходи од билети и маркетинг.
Сепак, Реал не дојде до полуфиналето и беше елиминиран од Баерн со вкупни 4-3, па така и фудбалерите останале без бонусот.