118
Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во Лигата на шампиони по значителниот напредок во резултатите во завршницата од сезоната, а меѓу најзадоволните во тимот е Мејсон Маунт.
Англискиот играч ќе добие сериозно зголемување на заработката благодарение на враќањето на клубот во европската елита, па неговата неделна плата ќе достигне 290.000 евра.
Маунт на „Олд Трафорд“ пристигна во 2023 година од Челси во трансфер вреден 60 милиони евра. Во текот на актуелната сезона одигра 23 натпревари, при што постигна три голови и забележа една асистенција.