23
Карло Анчелоти и Жозе Мурињо се пријатели, секогаш си даваат меѓусебна поддршка, па така е и овојпат, Италијанецот сака Португалецот да седне на клупата на Реал Мадрид.
Мурињо е кандидат број еден за нов тренер на Реал Мадрид, тој ја доби поддршката и од Анчелоти.
„Мурињо? Би бил навистина среќен за него ако тој се врати во Реал Мадрид. Тој прави фантастична работа во клубовите во кои работи“, рече Анчелоти.
Додека Анчелоти беше тренер на Реал Мадрид, Мурињо постојано му даваше поддршка на Италијанецот со позитивни коментари во јавноста.