Кристијано Роналдо ќе треба да почека за да се израдува на првиот трофеј во дресот на Ал Наср, вечерва беше пропуштена голема шанса за славје откако голманот Бенто си постигна неверојатен автогол во 98. Минута.
Секунди ги делеа Кристијано Роналдо и Ал Наср до титула во првенството на Саудиска Арабија.
Клубот од Ријад со победа над директниот ривал Ал Хилал можеше математички да го осигура шампионскиот наслов, и домаќините со голот на Симакан водеа со 1-0 до самиот крај.
И кога се чекаше судијата да свирне крај, гостите изведоа аут, голманот Бенто скокна да расчистува, но лошо реагираше откако се судри со еден свој соиграч и на неверојатен начин успеа да ја затресе сопствената мрежа за 1-1.
Па ЦР7 и Ал Наср ќе треба да почекаат, или Ал Хилал да киксне во заостанатиот натпревар, или тие да победа во последното коло.
We were 10 seconds away from winning the title. pic.twitter.com/OYcGCQW4MS
— Al Nassr Zone (@TheNassrZone) May 12, 2026