Медиумите од Шпанија го посочуваат Дани Себаљос како кртот во соблекувалната на Реал Мадрид, фудбалерот од средниот ред споделил информации за тепачката помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени на луѓе надвор од клубот.
„Кралевите“ минатата недела беа потресени од голем скандал, Феде Валверде и Орелиан Чуамени се степаа на тренинг, Уругваецот го извлече подебелиот крај и заврши на шиење во болница со „трауматска повреда на главата“.
Реал Мадрид експрено го затвори случајот со историска казна од по 500.000 евра, а Алваро Арбелоа порача дека најмногу бил погоден од тоа што некој од соблекувалната ја изнел приказната во јавност, оценувајќи го потегот како „предавство“ и „нелојалност“.
Веднаш тргна потера по „кртот“ во соблекувалната и човекот што ги „протекол“ информациите.
Последните информации велат дека Давид Себаљос бил изворот на приказната, фудбалерот од средниот ред споделил информации за тепачката помеѓу Феде Валверде и Орелиан Чуамени со луѓе надвор од клубот, вклучувајќи пријатели и блиски познаници.
Дани Себаљас е еден од играчите кои влегоа во конфликт со Алваро Арбелоа и со недели не зборува со тренерот на Реал Мадрид.