Дагестански талент на Јунајтед ја одби Англија поради Русија

by 24 фудбал
1 минути читање

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Амир Ибрагимов, донел одлука во иднина да настапува за репрезентацијата на Русија.

Оваа одлука привлекува внимание ако се знае дека рускиот фудбал веќе подолг период се соочува со санкции и изолација од големите меѓународни натпреварувања.

Ибрагимов е роден во Дагестан, а веќе со години се развива во академијата на Манчестер јунајтед. Поради престојот во Англија, тој имаше можност да настапува и за младинските селекции на Англија, па дури беше дел и од помладите категории на „гордиот албион“. Сепак, офанзивецот решил да го промени спортското државјанство и да го облече дресот на Русија.

Селекторот Валериј Карпин веќе му испратил повик, а Ибрагимов се најде на списокот за претстојните пријателски натпревари против Египет, Буркина Фасо и Тринидад и Тобаго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×