Влаховиќ повторно е тема, почнал преговори со друг европски гигант

by Стефан
2 минути читање

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, повторно е во центарот на трансфер шпекулациите, а според италијанскиот „Кориере дело Спорт“, Баерн Минхен сериозно ја разгледува можноста да го доведе српскиот репрезентативец во летниот преоден рок.

Италијанскиот медиум открива дека во изминатите денови претставници на германскиот гигант имале средба со таткото на Влаховиќ, на која се разговарало за потенцијален трансфер во Минхен.

„На маса била можноста Душан да се пресели во Баварија ова лето. Станува збор за прашање на вистински момент. Иако Влаховиќ има висока плата, Јувентус и понатаму му нуди продолжување на договорот вредно седум милиони евра по сезона, со дополнителен бонус за потпис од четири до шест милиони евра“, наведува „Кориере дело Спорт“.

Во текстот се потенцира дека Јувентус веќе вложил огромни средства во ангажманот на српскиот напаѓач, па клубот сакал преку нов договор да обезбеди подобра преговарачка позиција за евентуална продажба.

Од Баерн, според информациите, внимателно ја следат ситуацијата, особено поради неизвесноста околу иднината на Хари Кејн. Иако најголем дел од јавноста очекува англискиот голгетер да остане во Минхен, фактот што сè уште нема договор за продолжување на соработката предизвикува одредена нервоза во клубот.

„За Кејн постои можност за нов договор, но тој има уште само една година од актуелниот и би можел да размисли за нов предизвик, слично како што направи Роберт Левандовски пред неколку сезони“, пишува весникот.

Според истите информации, и Реал Мадрид и Барселона внимателно ја следат ситуацијата со англискиот напаѓач, па во Баерн сакаат навреме да подготват алтернатива доколку дојде до неочекуван развој на настаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×