Пеп за младиот Белгиец во Сити: Може да биде едно од најдобрите крила на светот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пеп Гвардиола верува дека Џереми Доку има потенцијал да стане еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот и го спореди со Винисиус Жуниор и Ламин Јамал.

Апсолутно верувам дека може да биде меѓу најдобрите. Сè зависи од неговиот менталитет. Му велам дека мора да сака да стане еден од најдобрите крилни играчи во светот, а не да остане во зоната на комфор. Талентот отсекогаш го имал, но за да стигне до највисоко ниво потребна е и вистинска глад за напредок“, изјави Гвардиола.

Белгискиот офанзивец се наоѓа во одлична форма во клучниот дел од сезоната и постигна голови на три натпревари по ред за Манчестер Сити во битката за титулата во Премиер лигата. Последен пат блескаше во победата над Брентфорд од 3-0.

23 годишниот Белгиец сезонава има учинок од осум голови и 14 асистенции во 43 настапи за Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×