„Каталонците“ со 2-0 славеа на „Ел Класико“ и со победа над вечниот ривал Реал Мадрид ја запечатија титулата во Ла Лига.
Барселона е старо-нов шампион на Шпанија, момците на Ханси Флик ја запечатија титулата во Ла Лига со победа на Реал Мадрид.
Им беше доволен и бод, но „каталонците“ доминираа до крај и со победа над вечниот ривал стигнаа до шампионско славје.
Се беше решено по само дваесетина минути, најпрво Рашфорд прекрасно погоди од слободен удар, за потоа Олмо мајсторски со пета да остави топка за Торес, кој ја затресе мрежата за 2-0.
Реал Мадрид, потресен од скандали во соблекувалната и без Килијан Мбапе во тимот, прикажа премалку во продолжението од натпреварот и не успеа да се врати во игра.