16-годишник на дебито му донесе победа на Ленс и го остави со шанси за титулата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ленс продолжува да сонува за титулата во Франција, откако во 32. коло славеше минимална победа над Нант со 1-0.

Моментот на одлука се случи во 79. минута, кога младиот Соареш само што влезе во игра и веднаш се запиша меѓу стрелците по додавањето на Булатовиќ.

Талентираниот фудбалер роден во 2009 година му донесе огромни три бода на својот тим, со кои Ленс остана во игра во битката со ПСЖ за шампионската титула. Воедно, со оваа победа Ленс и официјално обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, додека Нант по поразот и математички испадна во Лига 2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×