Борусија во ефикасен меч го завери второто Бундес-место (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Борусија Дортмунд обезбеди вицешампионска позиција во Бундеслигата, откако пред своите навивачи го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3-2.

Гостинскиот тим одлично го отвори натпреварот и поведе уште во втората минута преку Узун, но домаќините брзо се вратија и до паузата направија пресврт. Гираси погоди за 1-1, а Шлотербек во финишот на првото полувреме донесе предност за „милионерите“.

Во продолжението Дортмунд ја контролираше играта, а Инсио со убав погодок во 72. минута зголеми на 3-1 и го реши прашањето околу победникот. Ајнтрахт до крајот само намали преку Буркарт за конечни 3-2.

Со новите три бода Борусија и официјално го потврди второто место во германскиот шампионат на коло пред крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×