Неколку извори објавија дека агентите на Весли Фофана одржале неколку состаноци со Деко и опилапе терен за трансер во Барселона, Челси е подготвен да го продаде за сума од 30 милиони евра.
„Каталонците“ како приоритет имаат поставено ангажман на нов дефанзивец и подолго време се говори дека Алесандро Бастони од Интер е на врвот на листата со желби.
Но клубот од „Камп Ноу“ разгледува и други опции, а последните информации велат дека им бил понуден Весли Фофана од Челси.
Агентите на Французинот одржале неколку состаноци со спортскиот директор Деко и опиле терен за трансфер во Барселона.
Челси е подготвен да го продаде за сума од 30 милиони евра, но се чини дека „каталонците“ не можат да си ја дозволат ниту оваа цена и преферираат зделката да биде позајмица.
Весли Фофана во дресот на Сент Етиен и Лестер се промовираше во еден од најперспективните одбранбени играчи, па Челси во 2022 реши да плати високи 80 милиони евра за неговите услуги и да го направи еден од најскапите дефанзивци во светот.
ФОТО: X/Chelsea FC