Денес ќе бидат познати финалистите во Купот на Македонија, на програмата се реванш полуфиналните натпревари во најмасовното домашно натпреварување.
Израмнет реванш се очекува во Кратово каде Силекс ќе го пречека Охрид Лихнидос по ремито од 1-1 на првиот натпревар во Охрид. Кратовчани ја имаат улогата на фаворити поради домашниот терен и прволигашкото искуство, но охриѓани веќе покажаа дека знаат како да приредуваат изненадувања сезонава.
Интересно ќе биде и во второто полуфинале, каде Шкендија ќе брани предност од 3-2 против Шкендија Арачиново. Тетовскиот тим е поблиску до финалето, но арачиновци сонуваат сензација и историско финале во Купот. Овој натпревар ќе се одигра на стадионот на Башкими во Куманово.
Двете средби носат огромен влог, затоа што пласманот во финалето значи шанса за трофеј и место на европска сцена следната сезона, а освен Шкендија ниту еден од преостанатите три тима нема шанса за излез во Европа освен преку Купот.
Двата меча се играат денеска со почеток од 16 часот.