Лавеци за вечерта кога се пијанчел со Ибра до 5 сабајле: Он падна болен, а јас…

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Езекиел Лавеци раскажа интересна приказна со Златан Ибрахимовиќ од времето во Париз, двајцата се пијанчеле до 5 часот наутро и потоа морале да се пријават на тренинг.

Во емисијата „Олга“, Езекиел Лавеци реши отворено да говори за најтешките моменти од неговиот живот – менталното здравје, хоспитализацијата и важноста на поддршката од семејството за да продолжи напред.

Поранешниот фудбалер на Наполи и ПСЖ исто така раскажа и една интересна приказна со Златан Ибрахимовиќ, двајцата се пијанчеле до 5 часот наутро, а потоа морале да се пријават на тренинг.

„Бевме на некој концерт, и кога се вратив дома, ми се јави Ибра, „Еј, јас сум таму и таму, ајде дојди!“ Па се качив во кола и му се придружив. Ибра се направи „тиква“, заглавивме до 4-5 сабајлето“ – раскажува Аргентинецот.

„Веќе во 8 требаше да се пријавиме на тренинг. Нормално, Ибра заврши на масата за третмани со докторите, а јас тренирав како ништо да не било“.

„Ме рече, „Не знам како издржуваш“, а јас само кратко одговорив, „Па го правам ова секој ден!““

Можно е и ова да ти се допаѓа

×