Модриќ им пркоси на прогнозите, сака да игра пред крајот на сезоната и тоа со – маска!

by 24 фудбал
1 минути читање

И покрај сериозната повреда, Лука Модриќ не се откажува од можноста повторно да заигра за Милан до крајот на сезоната.

Хрватскиот ветеран заработи фрактура на јагодичната коска по судир со Мануел Локатели на мечот против Јувентус, по што мораше итно да оди на операција. Клубот првично објави дека сезоната за него е завршена, но самиот играч има поинаков план.

Според последните информации, Модриќ веќе следната недела ќе се врати во тренинг-центарот и ќе се обиде да се подготви за последното коло во Серија А против Каљари. За да го забрза камбекот и да избегне дополнителни ризици, искусниот играч е подготвен да настапи со заштитна маска на лицето, опција која се разгледува и од медицинскиот тим.

Иако неговото враќање засега е неизвесно и ќе зависи од текот на рехабилитацијата, јасно е дека Модриќ сака да испрати силен сигнал пред настапот со Хрватска на Светското првенство и евентуално да се збогува со „Сан Сиро“ на терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×