35
Екипата на Интер Мајами на свој терен загуби од Орландо до 3-4 и тоа откако прво Меси и друштвото имаа водство од 3-0.
По нешто повеќе од половина час игра, Интер Мајами веќе водеше со 3-0, стрелаа Фрај, Шеговија и Меси. Аргентинецот запиша и една асистенција, сепак ниту тоа не се покажа како доволно за три бода од овој натпревар.
GOLAZO! That’s what the 10 does 🎯 pic.twitter.com/CXjZI71Txi
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 3, 2026
Орландо пред крајот на полувремето намали на 3-1 и со тој резултат се замина на пауза, во вториот дел Охеда комплетираше хет-трик за израмнување, а победата ја донесе Списер со гол во последните моменти од натпреварот.