Екипата на Арсенал го доби првото „финале“ во Премиер лигата и пред својата публика со убедливи 3-0 го совлада тимот на Фулам и останува на лидерската позиција во англиската елита.
„Топџиите“ одигра фантастично прво полувреме и сосема заслужено на пауза заминаа со комотно водство од 3-0. Четата на Микел Артета уште од стартот тргна офанзивно и брзо стигна до водство. Во 9. минута, Букајо Сака асистираше, а Виктор Ѓокереш одлично се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата за 1-0, носејќи рана предност за домаќините
Арсенал продолжи со доминацијата и создаваше шанси, а наградата стигна со вториот погодок, кога Букајо Сака со прецизен удар зголеми на 2-0. Гостите немаа одговор на агресивната игра на домашниот тим и тешко доаѓаа до организиран напад, а пред самиот крај на полувремето, повторно на сцена стапи Ѓокереш. Шведскиот ас со својот втор гол на натпреварот го одведе Арсенал на убедливи 3-0.
Во вториот дел Арсенал рутински го смири темпото, не дозволи изненадувања и сочува сили за реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите.