ПСЖ поради незадоволство губи една од ѕвездите

by 24 фудбал
1 минути читање

Познатиот агент Жорже Мендеш работи на заминување на Гонсало Рамош од Пари Сен Жермен во текот на летниот преоден рок, пренесуваат европските медиуми.

Португалскиот напаѓач не успеа да се избори за стандарден статус кај тренерот Луис Енрике и најчесто добиваше шанса од клупата, и покрај добрите резултати на тимот. Бројките го потврдуваат тоа, во Лига 1 запиша околу 25 настапи, но само десет како стартер, со учинок од 6 гола и 1 асистенција. Иако во сите натпреварувања имаше солидна сезона со 19 погодоци, неговата улога остана ограничена.

Рамош во меѓувреме стана и еден од најефикасните „џокери“ во историјата на клубот, но очигледно таа позиција не го задоволува.

Според информациите на Џанлука Ди Марцио, Мендеш веќе преговара со повеќе клубови, а најсериозен интерес покажува Јувентус, кој внимателно ја следи ситуацијата околу 24-годишниот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×