Познат и вториот клуб кој директно влезе во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Сезоната во Чемпионшип заврши веќе ги даде двата тима кои директно ќе играат во Премиер лига. По Ковентри Сити, билетот за елитата го обезбеди и Ипсвич Таун, кој со сигурни 3-0 против Квинс Парк Ренџерс го потврди второто место.

Борбата за плеј-оф донесе вистинска драма. Милвол остана трет и покрај победата над Оксфорд Јунајтед, а во доигрувањето ќе играат уште Саутемптон, Мидлсбро и Хал Сити, кој влезе меѓу најдобрите шест со триумф против Норич.

Најголем губитник во завршницата е Рексам, кој со ремито против Мидлсбро остана без шанса за плејоф.

Во полуфиналето ќе се соочат Милвол и Хал, односно Саутемптон и Мидлсбро, а финалето ќе се игра на Вембли, меч кој традиционално носи огромен финансиски влог за победникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×