Интер не се откажува од намерата да го ангажира Нико Паз, „нероаѕурите“ имаат подготвено 50 милиони евра, и само Реал Мадрид треба да каже ДА.
Нико Паз блесна во Комо и го привлече вниманието на многу клубови, но последниот збор за неговата иднина го има Реал Мадрид.
„Кралевите“ имаат опција да го вратат во своите редови и планираат да го сторат токму тоа, летоска тој повторно да го облече белиот дрес.
Но Интер не се откажува од намерата да го ангажира Нико Паз, „нероаурите“ имаат подготвено 50 милиони евра.
Тие се надеваат дека поради големата конкуренција на „Бернабеу“, Реал Мадрид ќе биде отворен за зделка слична како таа со Комо, односно да добијат опција да го вратат Аргентинецот во своите редови, како и клаузула со која ќе добијат процент од евентуална следна продажба.
Интер игра на картата на пријателството помеѓу директорот Хавиер Занети и таткото на Нико Паз, кои неколку пати се сретнаа во Милано.