Медиумите од Турција пренесуваат дека Галатасарај сака да го ангажира Рафаел Леао од Милан и да ја копира зделката со која Виктор Осимен заврши во Истанбул.
Апетите на Галатасарај драстично пораснаа во последните неколку години, и клубот од Истанбул очигледно нема намера да застане тука.
Се најавува дека шампионот на Турција планира да донесе неколку звучни имиња и ова лето, изминатиов период се шпекулираше со имиња како Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед и Бернардо Силва од Манчестер Сити.
Но како што пренесува турски анатик, Галатасарај сака уште една „трансфер бомба“ од Серија А во стилот на Виктор Осимен.
Тие ќе го таргетираат Рафаел Леао, кој можеби не е скаран со раководството на Милан, но е во лоши односи со навивачите, кои често го испраќаат со свирежи поради тоа што игра далеку под очекувањата.
Милан размислува за разделба, и почетната цена е околу 50 милиони евра.