66
Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, не само поради голот во победата на Ал Наср од 2-0 против Ал Ахли, туку и поради реакцијата по натпреварот.
При излегувањето од теренот, дел од домашните навивачи се обидоа да го испровоцираат со скандирање за успесите на нивниот клуб. Роналдо не остана рамнодушен, туку со насмевка се сврте кон трибините и покажа пет прсти, алудирајќи на своите пет титули во Лигата на шампионите.
Гестот брзо стана вирален на социјалните мрежи и уште еднаш ја потврди самодовербата на Португалецот.
Cristiano Ronaldo: “I have five Champions Leagues”. 🏆🏆🏆🏆🏆🖐🏽 pic.twitter.com/G5ARihr3VJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 29, 2026