Приказната на голманот кој нокаутираше фудбалер: Како дете останал без татко, бил и киднапиран

by Стефан
1 минути читање

Името на Естебан Андрада деновиве се најде во центарот на вниманието по инцидентот кој го предизвика во натпреварот помеѓу Сарагоса и Уеска во Втората шпанска лига.

Андрада кој е голман на Сарагоса доби суспензија од дури 13 натпревари откако во дербито против Уеска со тупаница удри противнички фудбалер во глава. Интересно, по тој инцидент во јавноста почнаа да излегуваат потресни детали од неговото детство.

Животот на Андрада се променил уште на 12-годишна возраст, кога неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа. По трагедијата, семејството останало во исклучително тешка состојба, а заедно со мајка си и петте браќа и сестри тој многу рано морал да созрее, пишува „Ел Еспањол“.

Додека неговите врсници сонувале за фудбалска кариера, Андрада размислувал како да ѝ помогне на семејството. Работел како берач на грозје во Мендоса, еден од најтешките физички работи, каде научил што значат вистинска работа и откажување.

Но, и подоцна не живеел мирен живот. Додека настапуваше за Ланус, во 2014 година доживеа и трауматично искуство откако бил киднапиран. Два часа поминал во рацете на киднаперите кои барале откуп, по што бил пуштен неповреден, меѓутоа настанот оставил длабоки последици врз него.

Покрај Сарагоса и Ланус тој во кариерата бранеше уште за Арсенал Саранди, Бока Јуниорс и Монтереј од каде што е позајмен во шпанскиот клуб. Исто така запиша и четири настапи за репрезентацијата на Аргентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×