Во Мадрид имало инцидент: Симеоне и син му нападнаа фудбалер на Арсенал затоа што го нагази грбот на Атлетико (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во Мадрид вчера Атлетико и Арсенал ремизираа 1-1, а на полувремето од овој дуел беше забележана и сцена во која Диего Симеоне и неговиот син Џулијано го нападнаа дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт.

Имено, при влегувањето во соблекувалната, Вајт згазна врз грбот на Атлетико на теренот на „Метрополитано“.

Тоа не му се допадна на Џулијано кој реагираше и му забележа, набрзо потоа во конфликот се вклучи и Диего.

Ќе потсетимер, посебно во Шпанија грбовите пред теренот се сметаат за свети и за очекување е и од противничките фудбалери да покажат почит и не газат врз нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×