Артета лут: Не разбирам како тоа не беше пенал, 13 пати ја гледаа снимката (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање
Артета има необични методи на работа

Атлетико Мадрид и Арсенал вчера ремизираа во второто полуфинале од Лигата на шампионите одигрувајќи 1-1, а двата гола на средбата беа постигнати од пенал.

Според шпанскиот стратег, Микел Артета неговиот тим требало да добие и уште еден пенал во ситуацијата кога Ханко беше во дуел со Езе. Макели во таа ситуација прво покажа на белата точка, меѓутоа по реакцијата од ВАР и прегледувањето на снимката го смени мислењето.

„Тешко ми е да разберам, ги прифаќам одлуките, но тоа што се случи со Езе не го реазбирам. Тоа што треба да го гледате видеото 13 пати за да поништите казна на ова ниво за мене е неприфатливо. Не знам како тоа не беше пенал“, изјави Артета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×