Главниот фокус на Реал на трансфер пазарот ќе биде дефанзивата, се планираат дури ТРИ засилувања

by bojan
1 минути читање

Новинарот Жозеп Педрерол вели дека главниот фокус на Реал Мадрид на трансфер пазарот ќе биде деанзивата, се планираат дури три засилувања за последната линија.

„Кралевите“ кројат планови за следната сезона и имаат јасни идеји – засилување на одбраната е главен приоритет.

Новинарот Жозеп Педрерол вели дека на „Бернабеу“ можат да пристигнат дури тројца дефанзивци.

Целта е да се подмлади последната линија, да се зголеми конкуренцијата и да се донесе стабилност таму каде што е најпотребно.

Давид Алаба е на излезна врата, му завршува договорот, а преговори за продолжување на соработката нема.

Антонио Ридигер пак на маса има нов договор, но Германецот се уште нема одлучено дали ќе остане во Мадрид или пак ќе проба нова авантура.

На ова се додава и ситуацијата на Едер Милитао, кој повторно заработи тешка повреда, па под знак прашалник е неговиот фитнес на среден и долг рок.

Речиси сигурно збогум ќе каже и Дани Карвахал, кој е под договор до 30. јуни и има прилично ограничена минутажа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×