Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона го идентификувала Жоао Педро од Челси како план Б доколку не пронајде договор со Атлетико Мадрид за трансфер на Хулијан Алварез.
„Каталонците“ летоска сакаат да донесат нов напаѓач и Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е на врвот на листата со желби.
Но проблем може да биде цената која Атлетико Мадрид ја постави, клубот од „Метрополитано“ бара најмалку 100 милиони евра за продажба на Аргентинецот.
Па доколку двата клуба не најдат компромис, Барселона ќе се насочи на други цели, а последните информации велат дека планот Б е Жоао Педро од Челси.
Бразилецот импресионирал со својата сестраност, мобилноста, тоа што постојано е вклучен во играта и има извонреден „нос за гол“.
На Камп Ноу сметаат дека Жоао Педро одлично ќе се вклопи во стилот на игра на Ханси Флик, брзо ќе се адаптира во тимот и ќе биде инстант решение во нападот.
Жоан Лапорта и неговите соработници имаат и план Ц, тоа е Лаутаро Мартинез од Интер, но и неговата цена ќе биде од рангот на таа на Хулијан Алварез.