Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне потврди дека Арсенал, Барселона и ПСЖ пројавуваат интерес за услугите на Хулијан Алварез, за него ова е сосема очекувано.
Во пресрет на пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал во полуифналето во Лигата на шампиони, медиумите од „островото“ посочија дека „топчиите“ го меркаат Хулијан Алварез како засилување за нападот.
Многумина ќе се обидат да избегнат вакви прашања пред важен натпревар, но Диего Симеоне не само што го потврди интересот, порача и дека ова е сосема нормално – Хулујан Алварез е одличен фудбалер.
„Не знам што му се врти низ глава… но сосема нормално е играч како Хулијан да биде на мета на Арсенал, ПСЖ и Барселона. Тоа е сосема нормално, тој е одличен фудбалер“ – вели тренерот на Атлетико Мадрид.