Левандовски знае колку вреди, ќе прифати ли Јувентус?

by Стефан
1 минути читање

Наскоро би можела да биде позната иднината на напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, на кого му истекува договорот со каталонскиот клуб.

37-годишниот голгетер има желба да остане на „Камп Ноу“, но не се исклучува можноста да се пресели во Италија, каде интерес за него покажуваат Интер, Милан и Јувентус.

Според актуелните информации, Јувентус се издвојува како најреална опција, особено поради неизвесноста околу статусот на Душан Влаховиќ. Италијанските медиуми откриваат и какви услови бара искусниот Полјак од „Старата дама“.

Станува збор за двегодишен договор со плата од осум милиони евра по сезона. Левандовски веќе ја отфрлил можноста за преселба во МЛС лигата, додека како опција сè уште се споменува и Саудиска Арабија, иако засега само во полските медиуми.

Се очекува Барселона во наредните денови да ја испрати својата понуда, по што напаѓачот конечно ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×