Финале пред финалето во ЛШ: Европски класик во Париз!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалска Европа вечерва ќе ужива во вистински спектакл, откако ПСЖ од 21:00 часот го пречекува Баерн Минхен во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите.

Двете екипи веќе се сретнаа оваа сезона на „Паркот на принцовите“, кога Баерн славеше со 2-1, но оттогаш и двата тима значително ја кренаа формата.

ПСЖ, како актуелен шампион, имаше тежок почеток и мораше преку дополнителна фаза да стигне до нокаут-рунда, но таму блесна со убедливи победи против Челзи и Ливерпул. Баерн беше уште поубедлив, елиминирајќи ги Аталанта и Реал Мадрид со високи резултати и со тоа ја потврди фаворитската улога.

И двата тима играат офанзивен фудбал и се во одличен ритам, а со веќе обезбедени титули или сигурна позиција во домашните лиги, целиот фокус е ставен на европската сцена. Сè е подготвено за уште една голема битка која ќе даде најава за финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×