Звезда го победи Партизан и прослави нова титула! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Црвена Звезда на најдобар начин ја потврдија 37. шампионска титула во домашниот шампионат, совладувајќи го најголемиот ривал Партизан со 3-0.

На „црвено-белите“ им беше доволен и бод за математички да стигнат до трофејот, но тие одиграа доминантно и ја заокружија сигурната победа пред своите навивачи.

Резултатот беше отворен по 18 минути игра кога Страхиња Ераковиќ по асистенција на Катаи го совлада противничкиот голман. Тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.

Во вториот дел тимот предводен од Станковиќ продолжи со подобрата игра и ја потврди победата со уште два гола – најпрво погоди Авдиќ, а конечните 3-0 ги постави Соу Јонг Ву.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×