Челси ќе игра за трофеј со Манчестер сити! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Челси со минимален триумф од 1-0 против Лидс Јунајтед на „Вембли“ си обезбедија место во финалето на ФА Купот, каде што ќе играат против Манчестер сити.

Иако „сините“ имаат сезона под очекувањата и се далеку од позициите кои водат во Лигата на шампионите, можноста да го освојат најстарото фудбалско натпреварување во светот останува шанса за спас на впечатокот. До трофејот ги дели уште само еден, но и најтежок предизвик.

Манчестер сити претходно, со пресврт во самиот финиш, го елиминираше Саутемптон со 2-1 и така го завери своето место во финалето, чекајќи го противникот кој го доби денеска.

Челси не дојде лесно до победата против Лидс, но успеа да го издржи притисокот и да стигне до посакуваниот резултат. Клучниот момент се случи во 23. минута, кога по брза контра Педро Нето продре по десната страна и испрати прецизен центаршут, а Енцо Фернандез со удар со глава ја затресе мрежата на тимот од Јоркшир за конечни 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×