28
Хрватскиот клуб Локомотива Загреб доживеа сериозен инцидент при враќањето од Осиек, откако едно нивно возило било дел од сообраќајна незгода.
Според информациите, автомобилот удрил во елен и излетал од патот, при што со тешки повреди се здобиле директорите Божидар Шикиќ и Денис Гудашиќ.
„Во саботата, 25 април околу 22 часот, при враќањето во Загреб се случил сообраќајна на автопатот А3. Повредени се директорите Денис Гудашиќ и Божидар Шикиќ“, соопштија од клубот.
Во редовите на Локомотива Загреб настапува веќе поранешниот македонски репрезентативец Александар Трајковски.