Страшен соло гол: Играч на Ајакс ги „нанижа“ дефанзивците и погоди (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалерот на Ајакс, Мика Годтс, постигна спектакуларен погодок во победата од 0-2 на гостувањето кај Бреда во холандското првенство.

Младиот офанзивец во 41. минута изведе вистинска мајсторија, откако ја презеде топката од средината на теренот, се проби кон противничкиот гол и со одлична индивидуална акција ја матираше целата одбрана, како и голманот Даниел Биелица.

Неговиот погодок веднаш стана хит на социјалните мрежи и привлече големо внимание кај фудбалската јавност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×