Брера домаќин на Пелистер во директна борба за опстанок

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Брера Струмица ќе го дочекаат Пелистер во натпревар од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Три меча без победа е лошата низа на Брера, а до крајот на првенството има и непријатен распоред, па затоа денешниот меч против Пелистер е означен како „финале“.

Се размислува само за трите бода. Играме на домашен терен и мора тоа да го искористиме“, порачуваат од струмичкиот тим.

„Зелено-белите“ успеаја да го совладаат директниот ривал Македонија ЃП и понесени од надежта за спас од опасната зона, отпатуваа за Струмица. Пред натпреварот со Брера своите очекувања ги споделија искусниот Кире Ристевски и тренерот Марјан Секуловски.

Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора да бидеме максимално фокусирани и компактни во текот на целиот меч. Верувам дека со добар пристап можеме да оствариме позитивен резултат”, изјави Ристевски.

Искрено, минатите резултати не ми значат, според мене доволно е да се погледне табелата и да се види против кој тим всушност ќе играме. Тоа е квалитетен противник што има четири бода повеќе од нас, а тоа става тежина врз нашата страна дека ние сме тие кои што треба да го подигнат нивото и да покажат и респект. Секогаш инсистирам на дисциплина во играта, но подготвувајќи се за овој натпревар забележав дека теренот во Струмица им создава проблеми на играчите, има незгодни отскокнувања, тешко се врзуваат повеќе додавања. И двете страни ќе мора да се приспособат и да извлечат максимум од ситуацијата“, изјави Секуловски.

Натпреварот во Струмица се игра во терминот од 16:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×