46
Фудбалерот за врска на Тотнем, Чави Симонс, заработи тешка повреда на денешниот натпревар од Премиер лигата против Вулверхемптон.
Инцидентот се случи по еден дуел со бекот на „волците“, Хуго Буено, по што Симонс падна на тревникот, се фати за коленото и почна да вреска од болка. Иако по првичната интервенција на медицинскиот тим се врати на теренот, набрзо стана јасно дека не може да го продолжи натпреварот, по што беше изнесен на носилки.
Официјалната дијагноза сè уште не е потврдена, но првичните проценки укажуваат на можна повреда на предниот вкрстен лигамент, што би можело да го оддалечи од терените и до една година.