ПСЖ не дозволи изненадување и ја зголеми предност на врвот во Франција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен продолжува да маршира сигурно во француската Лига 1. На гостувањето кај Анже, „светците“ без поголеми проблеми славеа со убедливи 3-0 во рамки на 31. коло, со што дополнително ја зацврстија лидерската позиција на табелата. Парижани сега имаат 69 бодови, шест повеќе од Ленс, додека Анже останува во средината со 34 бодови на 13. место.

Практично, прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме. Ли Канг-Ин рано, уште во 7. минута, искористи една одбиена топка во шеснаесетникот и го отвори резултатот. Домаќините накратко се израдуваа на погодок, но ВАР интервенцијата го поништи поради офсајд.

Во финишот на првиот дел, Сени Мајулу со одличен удар од дистанца зголеми на 2-0, по прецизен центаршут од десната страна. Во второто полувреме, гостите рутински ја контролираа играта и ја потврдија победата со трет погодок, Лукас Бералдо најдобро се снајде по корнер и со глава ја затресе мрежата.

Анже имаше шанса барем да го ублажи поразот во 60. минута преку Питер, но неговиот обид заврши непрецизно, оставајќи ја мрежата на ПСЖ недопрена.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×