ВМФЛ: Фаворитите победуваа, Брегалница се одржува на водечкото место

by 24 фудбал
1 минути читање

Борбата за врвот во Втората македонска лига влегува во кулминација, откако и по 26. коло четирите главни кандидати за промоција продолжуваат со победнички ритам.

Брегалница останува лидер, откако убедливо ја совлада Слога Виница со 4-1 и стигна до 61 бод. Зад неа, на само два бода заостануваат дури три екипи, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново, сите со по 59 бодови.

Охрид славеше на гостувањето кај Тетекс со 1-2, Шкендија Арачиново минимално го совлада Кожуф со 0-1, додека Скопје без проблеми триумфираше против Преспа со 0-2.

Во останатите натпревари, Каменица Саса беше подобра од Големо Коњари со 1-0, Осогово ја декласира Победа со 1-8, а Беласица славеше против Вардар Неготино со 1-4. Единствено реми беше регистрирано на дуелот меѓу Новаци и Детонит Плачковица, кој заврши 1-1.

  • Резултати од 26. коло на ВМФЛ:

Брегалница – Слога Виница 4-1
Тетекс – Охрид 1-2
Преспа – Скопје 0-2
Кожуф – Шкендија Арачиново 0-1
Вардар Неготино – Беласица 1-4
Новаци – Детонит Плачковица 1-1
Победа – Осогово 1-8
Саса – Големо Коњари 1-0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×