416
Фудбалерите на Ливерпул доживеаја шокантен момент на „Енфилд“ во дуелот против Кристал Палас, кој ќе се памети по еден од најконтроверзните потези сезонава.
Во 71. минута, третиот голман на „црвените“, Фредерик Вудман, остана да лежи на тревата по еден дуел и се чинеше дека има сериозна повреда. Домашните фудбалери запреа, очекувајќи прекин од судијата Ендру Медли, но свиреж немаше.
Ситуацијата ја искористи Даниел Муњоз, кој без двоумење шутираше кон празната мрежа и постигна гол, иако противникот практично не играше. Бидејќи немаше прекршок, туку само прашање на фер-плеј, погодокот беше признат.